Членка на СДСМ си ја отвори душата на социјалните мрежи откако остана без работа во општина Тетово.
Извесна Силвана Антовска е гневна на својата матична партија, бидејќи останала без работа откако новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами реши да им ги раскине договорите на сите хонорарци во општината.
Таа сега бара одговорност од општинските организации на СДСМ, а од Заев бара да и најде работа.
И така моја СДСМ кога ви кажував дајте ни решение и саглам работа! Вас воопшто не ве допираше тоа. Ете од денеска, после 3 години работа во општина Тетово, Билал Касами ни ги поништи договорите, а договорите ни се до 31 декември, сега сме на улица без работа. Премиере Зоран Заев веднаш метлата по општинсиве. Веднаш. И веднаш да не згрижите. Да ме вработите, пишува таа.
Административците со договор на дело во Општина Тетово ќе работат до крајот на годинава, кога им завршува истиот.
Новиот градоначалник Биљал Касами најави дека ќе ги прекине ваквите договори. Онаму каде што имало законски прекршувања ќе побара и враќање на средствата.
Касами најавува преглед на описите на работните места, а ако е потребно и ресистематизација.
Дополнително, вели дека се разгледува и можноста за воспоставување систем за мерење на учинокот на административците и надоместоци на плати.
Досега во Општината работеле повеќе хонорарци, од редовно вработени, вели Касами.
Инаку Касами, по преземањето на градоначалничката функција ги запре сите инфрастуктурни проекти кои се одобрени од претходната локална власт, со образложение дека за истите се спроведува ревизија.
Донесе и одлука за бесплатен паркинг во градот, додека се прават анализи за понатамошната работа на јавното претпријатие, кое досега работеше со загуби.
Инаку во општина Тетово има 340 вработени и 350 хонорарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.