За предвремените парламентарни избори премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека направиле анализи, истражувања и консултации со меѓународната заедница, меѓутоа не сака да влијае пред одлуката на Извршниот одбор. Одлуката за избори ќе биде во интерес на државата.

За консензуален кандидат, премиерот рече дека негов предлог е да влезат во консултации со сите партии не само коалициски туку и со опозициски, вонпарламентарни и да се обидат да успеат бидејќи концептот е едно општество за сите.

За промена на името на државата од вечерва, Заев изјави дека новиот Устав треба да се почитува да се покаже дека земјата ги извршува обврските од договорот. Пасошите добиваат печат на Македонија, а регистрациите бесплатно ќе бидат сменети во НМК,изјави тој.

„МВР има сериозни обврски, голем дел се завршени, ќе имаме печати на пасошите на излез од Грција, да се знае дека тоа е во сопственост на Македонија. За регистарциите, каде што стои МК ќе биде заменето со НМК, односно ‘Норт Маседонија’ и тоа ќе биде бесплатно“, објасни Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.