На поранешниот премиер Зоран Заев изгледа му недостига премиерската функција, но исто така не може да се навикне на новиот начин на живот. Иако веќе два месеци не е на функцијата сепак се уште ги користи државните ресурси кои не му следуваат како претседател на СДСМ.
На вечерашната дебата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, Заев дојде со државни возила, како и со обезбедување, кое му следува како премиер, но не и како претседател на СДСМ.
Користењето на државните ресурси во форма на возила, обезбедување и советници е класична злоупотреба на државни ресурси во партиски цели од страна на Зоран Заев и СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.