Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Струмица ја почнува кампањата на коалицијата „Можеме“. Тој во обраќање пред медиумите посочи дека поради заштитата на јавното здравје ќе водат поинаква кампања во која, како што рече, ќе ги повикаме граѓаните да ги слушнат нашите решенија и да излезат на изборите кои се особено важни за народот и државата да добијат легитимни и целосно функционални институции.
Заев во своето обраќање потсетувајќи на владеењето на СДСМ во изминатите три години рече дека државата е ставена на правиот пат, на патот кој води напред во НАТО и ЕУ.
Патот кој носи јасен напредок и подобар живот. Од економија во минус, каква што наследивме, денеска имаме стабилна, развојна економија со постојани ставки на раст. Економија во која платите растат во сите сектори, а невработеноста се намалува. Денеска имаме македонска економија која стои исправено пред налетот на кризата која ја предизвика корона вирусот. Со брзи одмерени и економски мерки спасивме илјадници работни места. Затоа сега е време за нови иницијативи за нови потфати и успеси на кои се обврзуваме, рече Заев.
Претседателот на СДСМ рече дека партијата има план и модел за успешно справување со корона кризата за уште посилен економски раст и уште поодговорни институции.
Подготвивме мерки кои носат ред, правда и дисциплина. Градиме држава за достоинствен живот за сите. Инвестираме во македонското здрвство за уште поголема грижа за здравјето на граѓаните. Создаваме земја на слободни и одговорни луѓе. Држава која ги решава проблемите на ефикасен и праведен начин. Држава која обезбедува почитување на законите и неселективна казнивост за криминал. Остваривме врвен стратешки интерес, влеговме во НАТО, почнуваме преговори за членство во ЕУ. Сега знаеме, сигурни сме дека го можеме тоа. Тоа носи иднина за сите нас и нашите деца. Со СДСМ македонската иднина е сигурна, безбедна, извесна, порача Заев од Струмица.
Тој повика на 15 јули дека секој граѓанин има јасен и едноставен избори, сигурност или опасност. Напред по прав пат или назад во провалијата. Дека нема назад, туку, како што рече, пред нас е бришан простор за освојување, за одење напред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.