Разговорите околу распределбата на ресорите сé уште трае. Сакам да носиме одлуки согласно квалитетот на кадрите. Првата работа што ја кажав вечерва и ја побарав од новите министри е работливост. Би почитувал работа и повеќе од осум часа. Очекувам комплетна фокусираност зашто не чека неповторлив период. Втората работа е чесноста и одговоронста, истакна лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев кој вечерва по седницата на Централниот одбор ги соопшти кадровските решенија кои ќе бидат дел од новата влада.

– Секој што ќе се огреши пред законот, дали е Заев, некој познат или непознат, експерт или не, ќе одговара, но тоа не е доволно. Битен е и етичкиот однос. Очекувам од кадрите да преземат одговорност секогаш. Тоа е пораката – да внимаваат како работат. Можеби да, по закон, но не доволно етички. Овие две принципа мора да бидат комплетно испочитувани. Така се водиме и во формирањето на институциите, потенцира Заев.

Како што соопшти Заев, во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.