Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници од четвртата изборна единица, Зоран Заев денеска во стартот на втората недела од кампањата се обрати на граѓанската трибина во Гевгелија.

Пред гевгеличани тој зборуваше за сработеното во изминативе неполни три години, за храброста со која се носеа крупни и храбри одлуки за децениските проблеми, а истовремено се подигнуваше економијата преку храбри економски одлуки.

Веројатно ќе биле полесни одлуките ако биле понавремено донесени, но имавме 30 години тапкање во место, изолирани од целиот свет додека целиот свет иташе напред. Дојде време да носиме храбри одлуки. Бев прв меѓу еднаквите кога требаше храброст на дело да се бориме против режимот и да ја ослободиме татковината, а и народот од шепотењето, од стравот, од заканите, од уцените, од грабежот, од забеганите проекти каде што ги трошеа народните пари. Имав храброст и кога требаше да ги решаваме проблемите и прашањата отворени со децении и како што е спорот со името и проблемот со Бугарија, 20 па и 30 години. Извојувавме одлични решенија кои што не само што изградија партнерство и стратешко пријателство со Грција и Бугарија туку отворија перспективи, ја отворија иднината. Ги исполнивме стратешките цели на државата, истакна Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.