Оставам на бугарските експерти да ги утврдат причините за инцидентот. Оние кои преживеале имаат свои сеќавања за тоа што точно се случило – изјави Зоран Заев пред болницата „Пирогов“.
Кога пламенот избувнал, луѓето на задните седишта од автобусот успеале да го скршат прозорецот и да избегаат – додаде тој.
Не се сите жртви од Скопје, додаде Заев.
Сите се државјани на Република Македонија. Сепак, тие се од повеќе националности. Имаме еден државјанин од Србија и еден со белгиско државјанство – рече Заев.
Тој рано утринава изјави дека меѓу жртвите во бруталната автобуска несреќа на автопатот Струма има деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.