Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека во вториот круг очекува мобилизација на прогресивното гласачко тело. Тој смета дека граѓаните гледаат дека можеме да се менуваме и да носиме одлуки
Граѓаните прават разлика меѓу модернистичкиот пристап и уназадувањето, рече Заев во интервјуто за Канал 5.
Тој е убеден дека прогресивниот дел на нашето граѓанство ќе го трасира слободарскиот пат за иднината на државата.
За изборниот резултат Заев очекува победа во Град Скопје и во над 20 општини.
Понижувачки е за народот е да се подметне странски државјанин за градоначалник на Скопје, вели Заев за кандидатката Данела Арсовска.
„Горчината е во лагата на Арсовска, очекувам нејзино повлекување“, вели Заев.
Парламентарното мнозинство може да биде ново, но зголемено од постоечкото, вели Зоран Заев.
„Имаме разговори со Алтернатива за парламентарно мнозинство, вели Заев и додава дека ќе го зголемиме парламентарното мнозинство за најмалку 4 пратеници.
„Убеден сум дека во недела народот ќе ни ја даде довербата“ , потенцира претседателот на СДСМ во интервјуто на Канал 5.
Заев додава дека политиките на Владата се гледаат и во тоа што јавниот долг е намален за 4 проценти.
Повеќе ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.