Претседателот на СДСМ и носител на пратеничката листа во ИЕ 4, Зоран Заев, го оствари своето уставно право во Струмица. По гласањето, Заев даде изјава за медиумите, во која рече дека очекува поддршка од граѓаните за втор четиригодишен мандат.

Од денешната одлука на граѓаните зависи кој ќе води грижа за здравјето на граѓаните, кој ќе ги отвора и затвора поглавјата со ЕУ, кој ќе се грижи за економскиот раст и развој на сите граѓани во Република Македонија. Државните институции покажаа капацитет да организираат вака специфични избори со почитување на сите здравствени протоколи. Овие избори се поразлични од другите, но не и помалку важни. Верувам дека денешниот ден ќе донесе заеднички успех на сите во државата, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.