Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав. Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја, изјавил премиерот Заев по денешното гласање на првиот кург на претседателските избори.

Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Македонија. Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи. Избереме успешно претседател на државата и секако избереме претседател којшто ќе не води напред, изајвил Заев.

(Фото – СДСМ)

Сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Македонија, додал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.