Верувам во победа на локалните избори прво заради тоа што ги имаме најдобрите кандидати, второ заради најшироката коалиција, трето заради тоа што ги имаме најдобрите програми и четврто, заради тоа што водиме на анкети, истакна вечерва претседателот Зоран Заев во интервју за Дневникот на Сител Телевизија.
На анкетата на ИРИ СДСМ има 19 осто, ВМРО-ДПМНЕ 16 отсто, потоа излзе анкетата на Брима каде СДСМ има 18,9 а ВМРО-ДПМНЕ 16,3 отсто рејтниг. Резултатот во победата ќе биде подобар од тоа што беше на парламентарните избори. Јас очекувам прв круг победа во Град Скопје, победа во прв круг во 30 општини што е поприлично видлива победа каде што конкурираме директно со нашиот опонент. Сето тоа ќе значи потврда и верификација на ваквите политики и поддржување на стабилен период. Период на фокус на економски стандард, на работни места, на повисоки плати сите други вкупно крупни политики што досега се донесени на крајот на денот се заради економија. Имаме 2,5 години пред нас на кој можеме да се фокусираме за да ги направиме граѓаните победници, победници кои ќе значат со повисоки примања, со подобар амбиент на живеење во нашата земја, рече Заев.
Истакна дека ДСМ ќе добие голема поддршка, со својата понуда на најдобрите кандидати и најдобрите програми.
Ќе победиме и бројот на освоени општини, победа на Град Скопје како 1/3 од населението во нашата земја потоа, вкупиот број на советници кои се освоени, вкупниот број на гласови кои се освоени оттука се прави сублиматот кој е победник а кој поразен во државата. Јас верувам дека ќе добиеме голема поддршка, верувам дека граѓаните се свесни за сите наши слабости но се свесни за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација со останатите кандидати од сите други понуди партиско политички, коалициони и независни листи, порача Заев
Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните мене ми е важно да испорачаме најдобра понуда, направивме над 80 анкети, со кои проверуваме што е најважно во секоја општина, на што граѓаните даваат предност, и оттука произлегуваат материјалите за составување на програмите на нашите кандидати. Затоа верувам дека ќе излеземе со најдоброто на локалните избори, со најдобрите кандидати и најдобрите програми, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во интервју за телевизија Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.