Намерата на ЕП е од помош, нешто што е мал лек за горчината во нашите души која не затекна со оваа нефер историска грешка што ја направи Европската Унија кон Република Македонија. Верувам дека ваквите постапки уште еднаш ќе ја вратат мотивацијата на нашиот народ да продолжи по патот на евроатланските интеграции бидејќи оваа наша определба е со причина – тоа носи инвестиции, раст и развој, повисок стандард и доволна мотивација младите да останат тука и да работат, изјави денеска Заев..

Заев порача дека само ако продолжиме како држава да работиме посветено, може да бидеме дополнителна мотивација за дискусиите во Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија и пооделно во земјите членки на Унијата.

Реално очекувам дека многу брзо ќе се врати среќата и надежта, нагласи Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.