На денешната заедничка прес-конференција со новиот евроамбасадор во земјата, Дејвид Гир, Зоран Заев најави дека првата средба како претседател на новата влада со бугарскиот премиер Бојко Борисов очекува да биде пред 10 ноември и дека за време на таа посета ќе се разговара за Гоце Делчев и за подготовката на Самитот на Берлинскиот процес.

Очекувам пред 10 ноември да се сретнеме со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов сакам да ја посетам Република Бугарија и тоа да биде мојата прва официјална посета како премиер, заради тоа што имаме и прашање за разговори, за Гоце Делчев како историска личност. Верувам дека до тој период ќе има средба бидејќи 10-11 ноември се очекува да се оддржи Берлинскиот процес, бидејќи со Бугарија сме домаќини на Самитот кој ќе се оддржи во Софија. Деновиве очекувам повратна информација од Бугарија за да може да седнеме и да поразговараме и за подготовката на Берлинскиот процес но и за отвореното прашања. Драго ми е дека Комисиите работат, верувам дека ќе испорачаат опции за решение. Нашето очекување е час поскоро да најдеме решение на ова прашање. И до крајот на годината да се оддржи и првата меѓувалдина конференција, изјави Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.