Зборувајќи за бугарското вето и разговорите со источниот сосед, вечерва во „Само вистина“ премиерот Зоран Заев имаше мал излив на патриотизам.

Никојпат нема да бидеме во Европската унија, барем јас додека сум, затоа што обезличени сме прашина, а ако сме прашина, може да нè донесат на Марс – џабе е. Кој ќе влезе во Европската унија ако не македонскиот народ? Кој да влезе? Со кој јазик да влезе, ако не со македонскиот јазик? Така што нема дилеми околу тој дел. Но, делот на историјата можеме на елегантен начин да го разработиме, којшто навистина ќе покаже дека во еден период навистина сме имале заедничка историја меѓу двата народа и двете држави (?! – н.з.). Тоа е формулацијата и во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. И дотука треба да застанеме. Притоа никој не бега од историјата. Тоа што е историја, постојат документи насекаде и готово. Некој различно толкувал – ние, тие, нека кажат историчарите. Кај тоа сега ние, јас и Борисов, Екатерина Захариева и Бујар Османи, сме попаметни, поексперти од историчарите? Ќе го најдат решението. Ние сме тука да ги охрабриме, изјави Заев.

Вели верува дека, прво, ќе го изнајдеме решението токму низ тој прозорец.

Чувствувам дека во мај, јуни, можеме да изнајдеме решение. Јас очекувам навистина оваа година ние да имаме прва меѓувладина конференција. Понатаме, секако, треба скринингот да се заврши и сè, па да ги отвораме потоа, соодветно на месеците, како и сите други земји, и поглавјата, додаде претседателот на Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.