ВМРО-ДПМНЕ и денес ја потсетува јавноста дека Законот за опојни дроги што власта се обидува да го протурка во Собранието со европско знаменце е закон за личен профит на премиерот Зоран Заев и неговото семејство. Овој закон е еден од дванаесетте што СДСМ ги пушта во собраниска процедура со европско знаме, што значи скратена постапка и скратени можности за пратениците за дискусија и предлагање на измени. Ниту еден од тие закони не е европски, нагласуваат од опозицијата.
Заев во скратена постапка го пушти законот за марихуана, со тоа Заев сака да ја легализира продажбата и на сув цвет од марихуана за фирмите на братучедите. Заев низ собрание турка закон за Трајче и Вице. Меѓу законите кои Заев сака да ги протне е и Законот за академијата за судии и јавни обвинители, со цел да стави целосно рака врз изборот на судии и обвинители. Заев знае дека ќе загуби и најважно му е да го заштити капиталот. Сите овие закони се само за заштита на парите на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа и ќе го блокираме Собранието доколку самоволието на власта продолжи. Истовремено ги повикуваме и претставниците на меѓународната заедница, а особено ЕУ да не дозволат ваква злоупотреба на постапката со европско знаменце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.