Лидерот на СДСМ, на прашање на ТВ21 како ја коментира изјавата на неговиот досегашен коалиционен партнер, Али Ахмети дека пиел ракија, а потоа се каел за кажаното на митингот тој вели:
Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот – рече Заев.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што го кажел на митингот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.