Зоран Заев, претседателот на СДСМ вечерва на гостувањето во ТВ 24 изјави дека на лидерската средба која е закажана од претседателот Стево Пендаровски на 12 мај ќе се донесе одлуката за парламентарните избори.

Ние сакаме изборите да бидат што порано, затоа што не може да се каже кога ќе се јават повторни можни бранови на коронавирусот. Ние сме без Парламент и без политичка Влада и не можеме да дозволиме државата да влезе во уставни проблеми.

Ние кај претседателот на државата нема да дебатираме дали ќе има потреба или не од прогласување по третпат вонредна состојба во државата. Ние тоа не го решаваме, туку го слушаме мислењето на здравствените власти од Комисијата за заразни болести, изјави Заев.

Според претседателот на СДСМ државата од први јануари е во кампања која се водела до 11 март, кога беа затворени учлиштата.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ е против свикување на Собранието. Утре Уставниот суд ќе донесе одлука околу ова прашање. До лидерската средба ќе го имаме и нивното решение, така што на 12 мај ќе донесеме одлука кога ќе бидат изборите. Од 12 мај до 14 јуни имаме 32 дена за кампања, рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.