Ненамерна грешка и пропуст, вака премиерот Зоран Заев денеска го оцени интонирањето на македонската химна од страна на Тамара Тодевска на синоќешната прослава на Денот на незавинсоста во Американската амбасада во Скопје.

Како што изјави Заев, Тамара веќе се извинила на Фесјук, а тоа го направи и Амбасадата на САД како организатор на настанот.

Се случуваат пропусти. Секако, нашата химна се пее секој ден, насекаде. Апсолутно, тоа само потврдува дека се работи за ненамарна грешка и пропуст за кој се извинија самите организатори, но и изведувачот, изјави Заев по денешното отворање на фабриката за месни производи на компанијата „Тиамо“ во општина Сарај.

За настанатиот пропуст, претходно, преку Фејсбук се извинија Тамара Тодевска и Амбасадата на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.