Премиерот Зоран Заев вели дека на лидерската средба што ја свика за в петок подготвен е да разговара за сѐ и уште еднаш го повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на средбата, изјавувајќи дека прави уште еден обид.
Лидерската средба останува, се надевам ќе биде присутен Христијан Мицкоски. Очекувам да се појави, бидејќи тоа е негова одговорност. Ние може да седнеме да разговараме, не мора да се договориме. Но, што треба да направиме, да го одложиме пописот уште десет години? Пописот ѝ треба на државата како леб, за секакви политики, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со инсистирањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, Заев вели дека треба да се разговара за Изборниот законик.
Вели предвремени избори, човеку дај за Изборен законик да се договориме прво. Не го сфаќам, не гледал причина. Еве бара предвремени избори, дојди за Изборен законик да разговараме. Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори иако знам дека ќе победам. Но, не сакам да наштетам на економските перспективи на државата, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.