Нема и нема да има оправдување за домашно насилство, сексуално вознемирување, силување, присилен брак, кривични дела извршени во името на таканаречената „чест“, трговијата со жени и девојчиња. Ова го порача премиерот во заминување Зоран Заев вечерва обраќајќи се по повод одбележувањето на 25 Ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жената.

Тој потенцира дека со чувство на одговорност треба да развиваме култура која не прифаќа насилство.

-Само заеднички и со координирани активности можеме да се спротивставиме на насилството. За насилството не треба и не смее да се молчи. Како општество и држава мора да реагираме. Не може да има неказнивост за насилство особено врз жените и девојчињата, рече тој и порача дека за насилството треба има нулта толеранција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.