Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Алсат М, истакна дека е разочаран од Зоран Заев кој како премиер наседнал на украински комичари и издавал важни информации кои што високи претставници на Европа ги споделиле во доверба со него, мислејќи дека е во исто друштво со Порошенко и Столтенберг.
Немам некој специфичен коментар освен тоа да кажам дека сум разочаран од тоа што го слушнав и генерално би сакал сега да кажам три реченици. Првата е тоа што сум уште по разочаран кога го видов она стенд ап шоу кое што беше организирано во Владата кога Зоран Заев се обиде несмасно да се брани од тоа што верувал практично завчера дека е прв пријател со Порошенко и дека има трoен разговор помеѓу Столтенберг, Порошенко и него. Тоа лично како човек и како граѓанин во оваа држава ме разочара.
Мицкоски посочи дека втората работа што слушнавме е дека практично Заев како државник нема тежина да чува важни информации кои што високи државници од Европа ги споделиле во доверба со него.
Тој практично тие работи ги кажува, прераскажува, додава и одзема и така натаму и тоа го прави поради две причини, а тоа е да се направи важен дека еве он е информиран, дека е фактор, дека со него се споделуваат таков тип на информации и втората работа е притисокот на значењето на таа информација, тој не може да одлучува со себе и сака да олесни и го пренесува на соговорникот, вели Мицкоски.
Има и трета работа, вели Мицкоски, а тоа е што веднаш и без двоумеге посегнува по криминал, по незаконски дејанија.
Не се мисли ни секунда. Вели: „Да да, во кеш“. Па потоа видовме дека тие пари не биле наменети за подмитување туку како донација за изградба на црква, која ќе заврши во депото на Вселенската патријаршија, претпоставувам кај патријархот Вартоломеј. Јас не познавам политичари, мои колеги кои во моментов располагаат со 150.000, односно 100.000 евра во кеш. Еден пријателски совет, нека се одвои од обожавателите и од оние што секојдневно се околу него заради реализирање на лични себични интереси. Нека се одвои неколку часа, нека размисли што прави. лошо е во државата, лошо се живее. Ова што се случува денес, мора да заврши со предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.