Заев нема да ги каже денеска имињата за нови министри

Македонија 21.06.2019 / 15:20

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека предлогот за реконструкција на Владата ќе го достави до Собранието в недела.

Тогаш ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.

Нашата земја денеска, утре и во недела претпладне е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд. Сакаме да се покажеме во најдобро светло и тоа е главната причина. Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација во Бирото за метрологија.

Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.