Не е храброст се што ќе му стават на маса да потпише, Заев нека се замисли зошто до сега никој пред него не постигна договори како него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го молиме Заев да не биде храбар, зошто кога е тој храбар граѓаните глава ги боли.

Ниту еден државник во изминативе 30 години не отвораше воопшто прашање со Бугарија затоа што тоа е негирање на македонската нација, јазик и историја. Ниту Глигоров, ниту Кљусев, ниту Трајковски не потпиша договор со Бугарија каков што Заев потпиша.

Нека ги праша Заев советниците околу него зошто до сега нема договор со Бугарија, и зошто до сега никој не го потпишал, а ако тие не сакаат да му кажат, еве му го одговорот, затоа што никој до сега не сакаше да ја понижи нацијата како што тоа го прави Заев, неговата храброст е себепонижување на Македонците.

Заев само треба да ја почитува Декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја поддржаа сите парламентарни партии, вклучително и СДСМ, реагираат од партијата по изјавата на премиерот Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.