Зоран Заев упати честитка по повод 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба.

Денес им се поклонуваме и ги чествуваме храбрите дејци на македонската револуционерна борба, и горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот како место на изградениот и уникатен македонски идентитет.

Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината и во патриотски дух издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба.

Нека е честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, напиша Заев во честитката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.