По пишувањата од „Ла верита“ дека Кина го вратила авансот за вакцините поради сомневања за фирмата-фантом посредник, премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при посетата на „Ист гејт мол“ тврди дека посегнале по фирмата посредник за тие побрзо да стигнат во Македонија.
Значи апсолутно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување, заради тоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали, како што очекуваат нашите граѓани за час поскоро да ги имаат, вели Заев.
Тој објасни дека на ваквиот чекор се одлучиле откако чекале две недели за вакцините од Кина, па се обиделе да ги набават вакцините преку приватна компанија која кинеското Министерство за надворешно работи не ја одобрило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.