Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 беше прашан дали некогаш пробал марихуана, жаргонски кажано џоинт.

Не сум пробал џоинт, но тоа не значи дека не треба да поддржам нешто што јас не го користам – порача Заев.

Во емисијата се разговараше и за планот за легализацијата на канабис/марихуана, за кој премиерот неодамна посочи дека значително ќе помогне во сферата на туризмот и угостителството.

Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните – рече Заев во ,,Само интервју’ и објави на Твитер .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.