На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев зборуваше и за новозаразените членови од партијата, потпретседателот Мухамед Зекири и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
СДСМ е голема партија со над 120 илјади членови и мерките целосно се почитуваат. Бројката од двајца заразени покажува дека вирусот е реалност и тој постои. Во овие два случаи не сме почитувале до крај, пред сè како луѓе. Зекири е заразен одејќи на ифтар кај својот брат, снаата веројатно од своето семејство. Не сме почитувале доволно. Со Филипче зборевме, кај Луакревска е целосно олабавено и правото на пренос не е исто како кај Зекири, но тоа тој ќе го објасни, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.