Различни нон пејпери за решавање на косовскиот проблем ме плашат бидејќи не зараснаа сите рани на Балканот. Кога ЕУ закочи со сите нас, штом ќе го забави нашиот процес на интеграција, не мислам само на Македонија, туку и на Србија, Црна Гора, па дури и на БиХ и Албанија, се појавуваат некои нон пејпери, други, радикални идеи . И тие други идеи можат да завршат само со војни, на кој било друг начин“, вели во интервју за српски Курир македонскиот премиер Зоран Заев.

На прашањето колку е исплашен од војна, премиерот вели дека се надева дека никогаш нема да има повеќе војни.

„Треба да го прошириме нашиот пат на интеграција затоа што тоа ни дава иднина“, вели тој.

Прашан дали се плаши од „Голема Албанија“, во која се наоѓа дел од Македонија, која отворено се пропагира, премиерот вели.

„Никогаш не можам да кажам „не“ со сигурност, но тоа би било тешко во Македонија бидејќи ние сме членка на НАТО и со секоја закана за нашата територија и интегритет, би се активирал членот 5 од Договорот за НАТО, кој би нè заштитил – сите за еден, еден за сите. Сепак, не можам да кажам конечно „не“ затоа што дефинитивно не знаете до каде некој може да го испровоцира тоа. И затоа решението е секоја земја да влезе во ЕУ. Кога ќе ги достигнеме шенгенските услови, тогаш нема граници“, вели Заев.

На дополнително прашање, дали ништо не го загрижува бидејќи сме во НАТО, вели:

„И покрај тоа што Македонија е во НАТО, тоа не значи дека не се грижам, никогаш не знаете. Ако нешто е ризично за српскиот народ, јасно е дека е ризик за сите нас, Балканот е мал регион, сите сме поврзани. Кога регионот е стабилен и безбеден, тогаш и Македонија е безбедна и стабилна. И кога регионот е нестабилен и има проблеми, тогаш ние сме исто така нестабилни и имаме проблеми. За нас, сè што е прифатливо за Белград и Приштина е добро, решение што гарантира мир на Балканот, европска интеграција, безбедност и иднина на сите етнички заедници што живеат на таа територија“.

Извор.Курир.рс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.