Првото прашање на вечерашната дебата помеѓу лидерите на позициската и опозициската партија, Зоран Заев и Христијан Мицкоски е законот за СЈО. Тоа предизвика расправа, упаѓање во збор… Преговорите не се завршени, ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе амандмани, и Мицкоски побара од Заев да ги прифати истите. Заев пак, воопшто не ги видел амандманите, но вели, бил непоправлив оптимист и не се откажува од СЈО.

– Не се откажувам од Катица Јанева зошто е капацитет, истакна Заев.

Додаде дека дијалогот продолжува и понатаму и треба да се направи се со консензус да се гласа Законот.

– Се поставува прашањето дали Мицкоски и ВМРО ќе ја блокираат иднината на Македонија штитејќи криминал, дали ќе се блокира земјата и ќе се изгубат преговорите за ЕУ за заштита на криминалци, заврши Заев.

Мицкоски вели дека сакаат правдата да не биде селективна.

Мицкоски вели дека бараат формирање на комисија која ќе истражи каде се потрошија 15 милиони евра. Вели имаат индиции, и тоа ќе го презентираат на јавноста. Тој ги спомена платите на обвинителите, и вели дека не е во ред некои да имаат три пати поголеми плати од другите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека апсолутно не штитат криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.