Не знам дали Зоран Заев денешниот прес за „лажни вести” го држеше за да ги заштити ,,Кики и Фрики”, а и Катица Јанева, но едно нешто треба на јавноста да и` е јасно, пишува новинарката Јорданка Ивановска на својот Фејсбук профил:

1. По отворањето на истражувачкиот серијал на Геро за рекетирање бизнисмени, имаме многу РЕАЛЕН, ОПИПЛИВ случај, именуван како ,,Рекет”, предмет на Јавно обвинителство
2. Има двајца обвинети во притвор.
И Катица Јанева која даде оставка во истиот ден
3. Има истрага за случајот, која трае предолго без нови факти.
И изјава од Јавно обвинителство дека обвинетите заедно со обвинителка со осомничен се снимени аудио и видео како зборуваат за ,,Империја” и кеш
4. Кешот е предаден и од ЈО има изјава дека знаат како е – предаден и кому
5. На Катица Јанева и’ беше запленет мобилниот, а вториот не можеа да и’ го најдат една недела
6. Син и’ тврдеше дека вториот е изгубен во Белград, а на крај сателитски е лоциран кај девојка му
7. Нови и нови бизнисмени се пријавуваат како сведоци во ,,Рекет”.
8. Геро најави нови пожестоки продолженија на ,,Рекет”

Заев. Никогаш не си бил новинар, нит па ќе бидеш. Твоите дружби со некои новинари, и тоа третокласни од типот на ФК ,,Муртињо”, не те прават новинар. Нит па сфаќаш дека си даваш автоголови. Има едно правило кое никој не ти го кажал, еве ја ќе ти го кажам – не се карај и не влегувај во војна со новинари од рангот на ФК ,,Барселона”, додава таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.