Во врска со незадоволството на оние кои протестираат, на опозицијата, на граѓаните од дијаспората и дали доколку се врати назад повторно би го прифатил Договорот, Заев одговори дека Македонија 27 години се обидувала да се реши прашањето и оти од таа гледна точка сега конечно е направен обид да се затвори прашањето.
Ќе имаме држава признанеа од сите, народ, кој никој повеќе не го спори, македонски јазик признаен од сите, нешто за што се бореле нашите татковци, дедовци и прадедовци. Конечно немаме билатерално прашање отворено со никој, вели тој и додава дека е мала бројката на оние граѓани кои се противат, а опозицијата која не го прифаќа ова решение не нуди никаква алтернатива -рече Заев.
Претседателот на македонската влада во интервјуто за телевизија Сител рече дека не се кае што го потпишал договорот за промена на уставното име на Република Македонија, напротив, да треба, повторно би го сторил истото.
Да, би потпишал ако добијам друга шанса. Апсолутно немам покајание за ништо, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.