Премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешниот состанок на Кризниот штаб посочи дека Владата и институциите се целосно подготвени и наредбите за прогласување на кризната состојба ќе бидат дадени. Заев посочи дека најдоцна до утре вечер ќе биде одржан состанок.

Не се исклучува можноста за полициски час. Во моментов не се разгледува, но тоа е работа на Комисијата за заразни болести, која има надлежност да побара. Останува препораката да не се движиме по 21 час, освен ако имаме неопходна потреба. Кога се прогласува кризната состојба има дебела причина зошто тоа се прави. Се ова е со цел да се има болнички капацитети, посочи премиерот Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.