Онака како што е поставена опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ние можеме да извлечеме мотивација за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија, ако седнеме заедно. Ако сакаме да се скараме со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Тој во одговор на новинарско прашање, зошто е одбиено барањето на опозицијата за лидерска средба за консензус во врска со проблемите со Бугарија, рече и дека реториката на опозицијата во моментов не е од корист.

– Целта е да го градиме пријателствто и да изнаоѓаме решенија за да продолжиме како што двете земји имаат желба целиот Балкан да се интегрира во Евроската Унија. Но, дефинитивно реториката на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер и раководството не е на помош на тоа што го работиме како земја, за да ја постигнеме нашата стратешка цел, а тоа е следниот чекор за евроинтеграцијата на Република Македонија, нагласи премиерот по денешната седница на Советот за безбедност.

Заев повтори дека тоа што се разговараме со Бугарија е во рамките на Договорот за добрососедство, дека не прават нешто ново и дека сето тоа што го разговараат е обрска на двете страни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.