Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на телевизијата „24“ изјави дека Зоран Заев сака јавно обвинителство кое ќе има за цел да се пресмета со опозицијата и со политички неистомисленици а не обвинителство кое ќе гони висока корупција и ќе донеси правда во Република Македонија.
Токму тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и преговарачкиот тим да се обединиме во правото правдината и владеењето на правото, а тоа подразбира безусловно почитување на Уставот и на законите во Република Македонија, нешто што не е цел на преговорачкиот тим на СДСМ, бидејќи нивната цел е да се злоупотреби власта, да се злоупотребат законите и Уставот и да се врши пресметка и притисок врз политичките неистомисленици, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.