Европа сега е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати и кон граѓаните на Македонија, но и према Западен Балкан, но и за самите свои граѓани во ЕУ. Ние покажавме успешност во реформите. Сега се работи на следен чекор а тоа е правата меѓувладина конференција, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Затоа што ако некој заслужил, ако некој најмногу чекал, ако некој покажал европски манири и вредности и постигнал сериозни билатерални договори, успеал сто проценти во реформите, конечно во март 2020 година сто отсто беа потврдени успешноста во реформите од сите 27 земји членки. Сега се работи за следниот чекор прва меѓувладина конференција и верувам дека тоа Европа ни го должи и Европа ќе го направи како исчекор, рече Заев.

Во однос на тоа дали  Македонија и Албанија треба да одат заедно на патот кон ЕУ, Заев рече дека сака Албанија како наш сосед да оди заедно со нас, треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во  целиот овој процес и, вели, не очекува ништо помалку од тоа за нашите граѓани затоа што нашиот народ заслужил и очекува Европа да биде европска и да испорача европски онака како што личи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.