СДСМ до крајот на мандатот на новата влада ветува дека ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари, најави денеска претседателот на партијата, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип.
Тој најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.
Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.