Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека најавените парламентарни избори не зависат од дневните бројки на позитивни случаи на Ковид-19, без разлика дали тие ќе се одржат на 5 јули, 8 јули или подоцна.
Луѓето се по парковите, по угостителските објекти, се повеќе сме со пријателите, а границите се отвораат. Не можеме да очекуваме дека бројот на заболени на дневна основа ќе паѓа. Тоа ќе биде присутно и со тоа ќе живееме додека не се најде лек, односно вакцина. Не можеме реално да очекуваме дека бројките ќе паднат., Бројки ќе има слични или исти и после еден месец, два или пет месеци, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.