Независно каква ќе биде одлуката на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО, ние ќе ја почитуваме, изјави претседателот на Владата Зоран Заев кој денеска беше во работна посета на Охрид.

Таму нема политика и не можете да се јавите на сите наши пријатели. Македонија во овој период изгради многу силни меѓународни пријатели, но тука не е политиката во прашање. Таму се експерти со доминантно влијание на претставниците од нордиските земји. Норвешка го води целиот овој проект и е најгласна, наша пријателска земја, но не може премиерот Заев да се јави на премиерката на Норвешка. Тоа не функционира така. Врз основа на докази, на експерти, врз основа на тоа што е направено дебатата е отворена, вчера траеше цел ден. Дел сте информирани, мене ме брифираат нашите државни и општински претставници за сите детали. Денеска некаде после пладне се очекува да биде донесена одлука. Но, јас сум задоволен што го свртевме вниманието и гледам дека се работи – рече тој прашан дали се лобирало за да се добијат дополнителни рокови за исполнување на препораките посочени од УНЕСКО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.