Нема ништо лошо што пратениците денеска преку медиумите ќе дознаат дека Зоран Заев го добил мандатот за состав на Влада, порача денеска лидерот на СДСМ и мандатар на доделувањето на мандатот од страна на претседателот Стево Пендаровски во вилата Водно.
Тој во одговор на новинарско прашање за ставот на претседавачот на Парламентот Талат Џафери дека претседателот на Собранието во рок од три дена треба да ги извести пратениците за овој чин, рече дека сега кога нема претседател, пратениците ќе дознаат од медиумите дека тој го добил мандатот и дека со тоа Џафери само сакал да си ја заврши својата деловничка обврска.
– Како актуелен пратеник, чиј мандат е верифициран, не добив покана за седница на Собранието денеска, а не доби ниту некој од 120 те пратеници во парламентот, туку имаше соопштено најава за подготовка на евентуална седница, веројатно во консултации со стручни луца е донесено одлука да не се одржи таа седница. Но слушнавме дека службите добиле насока за подготовка на седницата, која еве до овој момент не е закажана таква седница и верувам дека нема да има таква седница бидејќи преговорите продолжуваат, рече Заев и додаде дека од денеска течат дваесетте дена за мандатарот да формира влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.