Премиерот Зоран Заев денеска по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, изјави дека според него не треба цела Влада да си даде оставка по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица, а 12 се повредени.
Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите. Трагедии се случуваат насекаде во светот. Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, на директорот и на економскиот директор на болницата, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка. Четврток, петок, сабота и недела немав изјава бидејќи беа денови на жалост и во моменти на чувствителност не сакав да влијаам на впечатокот. Експертите и институциите треба да испорачаат одговори на прашањата за кои се заинтересирани пред сè семејствата, но и граѓаните. Со огромно сочувство кон семејството ред е да почекаме да се добијат сите одговори за потоа да го кажам своето мислење за оставките. Должност е на Филипче и заменикот Хасани да ја извршуваат функцијата додека не бидат тргнати и до доаѓање на нови, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.