Иако на 6 октомври има закажано самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ, премиерот не очекува тогаш да дојде до повлекување на блокадата од страна на Бугарија. Пологично е, истакна тој, тоа да се случи во декември.
Нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство.
Заев вели дека денеска е јасно дека македонскиот јазик и идентитет не се дел од преговорите. Рече дека последното вето и новиот неуспех за придвижување на интеграцискиот процес не може да бидат причина за нови предвремени избори.ж
Премиерот најави дека ќе продолжат координациите и контактите на ниво на работни групи, и им посака на Бугарија и бугарскиот народ успешни избори кои ќе доведат до Парламент и Влада за, како што нагласи, да може да продолжат политичките контакти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.