Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.
Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја информираме јавноста, рече Заев.
На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.
Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Како ќе ги разговараме и договараме, така и ќе ги соопштуваме, изјави Заев.
Разговаравме, нагласи Заев, за многу важни работи и секако треба да се вратиме во партиите, во СДСМ и Алтернатива, но и партнерите.
Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.