Од рекетите и тендерите кои се доделуваа на компании на фамилијата Заеви и нивни деловни партнери настрадаа стотици фирми низ Македонија, Обвинителството, почнувајќи од СЈО па се до Јавното онбвинителство како и судовите се под контрола и постојани притисоци на владата и Зоран Заев што се спроведува не само низ заднински договарања туку и јавно, преку постојани закани до судиите кои не судат согласно потребите на СДСМ и Заев, па така освен бизнис секторот владата на СДСМ на секој начин го контролира и обвинителско-судскиот систем. Ова се докажува и низ судењата за случајот Рекет како и објавените телефонски разговори на поранешниот премиер Заев и сведочењата за неговите нарачки до Судскиот совет и Врховниот суд, пишува Вечер.мк.
Медимуите не се исклучок. Како сектор кој има битно влијание врз јавноста и политичкото расположение на граѓаните медиумите се под постојан притисок на Заев, владата и СДСМ. Од доаѓањето на СДСМ на власт затворен е најголемиот медиумски систем во Македонија, МПМ, кој беше издавач на весниците Дневник, Вест и Утрински и главен дистрибутер на весници низ Македонија, по што над 100 новинари и фоторепортери останаа без работа.
Од доаѓањето на власт на Заев и СДСМ сменети се три главни уредници на најголемите телевизии Сител, Канал 5 и Телма. ТВ Канал 5 беше приморан и јавно да му се извини на Заев и СДСМ за својата уредувачка политика што е чин на понижување кој не е забележан никогаш досега во ниту една држава низ Европа. Власта на СДСМ има покренато повеќе кривични постапки против новинари и уредници, а последната е против Александар Митовски од порталот Инфомакс за објавување запис од сведочење за Рекет во кој се спомнува и учество на функционери од власта во рекетирањето кои, иако се дел од криминалот, не се обвинети во овој предмет. Ова е само последна порака и закана до сите новинари кои ќе се осмелат да објават информација или документ кој власта го цени за штетен по интересите на СДСМ.
Поранешниот премиер Зоран Заев не прифаќа да дојде на дуел со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во Алфа телевизија. Посебна причина за ваквата одлука не даде, само со заканувачки тон порача: Ќе видите зошто! Активисти на СДСМ, присутни по нарачка на таа прес конференција, гласно го поддржаа својот шеф во заканата и довикуваа дека не треба да биде гостин на ТВ Алфа и дуeлот со Христијан Мицкоски.
Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто. Јас сум слободољубец, јас сум човек кој верува во вредности, но и сум човек кој го слуша народот, веројатно има причина што вака реагираат. Не знам зошто, проверете зошто. Еве луѓето викаат не, јас не ја прифаќам поканата – изјави Заев.
Заев порача и дека не му се допаѓала уредувачката политика на Алфа, дури и спомена некаква против медиумот, за кои барем од телевизијата немаат никаква информација. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција.
Од каде поранешниот премиер, а сегашен претседател на СДСМ, има информации од институции за истраги и прогон со оглед на тоа што Заев не е носител на раководна функција, прашува Вечер.мк
Знае затоа што истрагите и прогоните ги нарачува Зоран Заев! Не беше толку одамна да не се сетиме дека на митинзи и тв гостувања Заев со години, до запирка, ги знаеше и најавуваше истрагите на СЈО кои претходно ги нарачал, што подоцна и се докажа. Се сеќаваме на неговите зборови кога ги набројуваше истрагите и лицата кои ќе бидат гонети, кога му порачуваше на СЈО: Ние ве создадовме сега од вас очекуваме да сработите!
Сега најавува судења и наложува, јавно и без срам, конкретни пресуди против опозицијата и медиуми. Дали Македонија созреа како држава и демократија која може да се спротистави на овој деспотизам каков што нема во ниту една држава во Европа. Повторуваме, во ниту една друга држава го нема она што Заев и СДСМ и го прават на Македонија, а изборите се на 12 април, ден кога се очекува јавноста да стави точка на деспотизмот а Македонија да стане барем елементарно европска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.