Колку висината на казните и тајмингот кои се изречени се еден вид притисок до гласачите и еден вид валкана игра да речам пред изборите? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија.

-Заев се закани на 28 април 2017-тата година, еве речиси две години потоа, Кацарска и Рускоска испорачаа, класичен политички прогон. И не може да помине веќе помеѓу граѓаните онаа класична демагогија која што доаѓа од центарот за лаги и манипулации на СДСМ дека ние сме заштитувале насилство итн. Бидејќи насилство имаме во сите градови во Република Македонија и не само што не се казнуваат насилниците и престапниците, туку напротив владата се слика со таков тип на криминалци и објавува на социјалните медиуми – вели Мицкоски.

Според него драконска казна за 27 април е со цел да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија.

-Исто така да се пресметаат со политичките не истомисленици, но и она што Заев го нарача на 28 април 2017-тата денеска да го испорачаат неговите слуги, а тоа се Кацарска судството и Рускоска обвинителството. Она кое што е реалност во Република Македонија ќе го видиме на 21 април и 5 мај, а тоа е силата и енергијата која постои помеѓу граѓаните во Република Македонија да оваа повторно ќе кажам неспособна, насилничка и деспотистичка власт замине еднаш за секогаш на маргините на темната страна во историја – вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.