Немаме дилеми дека историјата е основата за нашата сегашност и за димензионирање на нашата иднина. Без историја, без нашето минато ние не постоиме, ние сме никој и ништо. Тоа е многу важно, при тоа не значи дека не треба да отвориме дебата за реформа во основното образование. Нешто мора да направиме за подобро и поперспективно образование за нашите деца – истакна премиерот Зоран Заев на гостувањето на телевизија „Сител“ по реакциите на дел од јавноста за најавените реформи во образованието.
Заев истакна дека намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста, со родителите, со стручната јавност за да се дојде до поквалитетен и интегриран систем, пред сè во корист на децата, бидејќи образованието постои за нив.
Формирана е работна група без било каква партиска или политичка определба. Луѓе коишто работеле на основното образование, кои знаат и даваат сугестии. Одржан е состанок на 300 наставници во основното образование. Сите сугестии се дадени, даден е еден темплејт, еден драфт, кој е отворен за дебата. Дајте да го издебатираме и така ќе произлезе најдоброто за сите – истакна Заев и дополни дека без никакво унапредување на образованието најмногу губат децата и не е фер кон учениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.