Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека за владеачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што не се употребува уставното име во истата.
Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, уставно треба да стои Република Cеверна Македонија. Секоја резолуција има преамбуила, а таму е избегнато уставното име, рече Заев.
Инаку Резолуцијата за заштита на националните позиции е веќе доставена во Собранието и се чека на спикерот Џафери да ја стави на дневен ред
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.