Претседателот на СДСМ, премиерот Зоран Заев денеска во разговор за Канал 5 телевизија истакна дека парламентарното мнозинство може да се промени, но да порасне заради самата поставеност, заради националистичка реторика што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, со која и луѓе што се внатре не се согласуваат.
Живееме во втората деценија од 21 век, сите треба да бидат еднакви граѓани и тоа е важно, а граѓаните не сакаат повторно кавги со соседите, со остатокот од светот, сакаат интеграциите да продолжат зашто носат економија, носат повисок економски стандард, кој веќе е видлив насекаде, рече Заев.
Додаде дека веќе има најава за зголемување на мнозинството, има пратеници кои веќе ја даваат поддршката.
После локалните избори ќе има период од 2,5 години во кој ќе нема избори каде ќе може да се одработи навистина јуначки за сите што сакаат да одработат, дали советници, градоначалници, пратеници, министри, премиерот сите заедно можат да одработат и да се приклучат на прогресивниот дел на државата, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.