Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Тоа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно доследно спроведување, кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон.

Ова е една од пораките кои ја упати премиерот Зоран Заев во неговото обраќање на одбележувањето на Денот на независноста – 8 септември.

Заев повика секој граѓанин да се приклучи во периодот во кој следува најинтензивната македонска европеизација. Секој од нас е важен и потребен, рече тој, по што упати порака и до опозицијата.

Во граѓаните гледаме коректив, но и партнер. Следете ја нашата работа и испраќајте гласни, конструктивни и аргументирани забелешки. Ние како и досега ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби. Во таа насока ја повикувам и опозицијата да ги напушти тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување. Патот кон независноста е поплочен со заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации во македонската историја. Ја имаме неповторливата можност Македонија да седне на своето столче на масата на европските држави. Тоа е шанса која нема да ја пропуштиме. Да го зграбиме моментот и самоуверено сите заедно да зачекориме по европскиот пат – слободни и отворени кон светот“,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.