Премиерот Зоран Заев нема намера да прави промени во извршната власт. Тој бил задоволен од сегашниот владин состав, иако граѓаните имаат забелешки за поголем број ресори. Нема вакцини, се прават чудни промени во образованието, министер шета низ светот додека владее корона пандемија…
Сепак Заев нодговарајчи на новинарските прашања рече дека засега не се планира промени во извршната власт, а во врвот на СДСМ рече дека ќе има промени по конгресот на 16 мај. Посочи дека кадровските промени се од аспект на воспоставување на највисоките органи и тела како што се, Извршниот одбор, Централниот одбор, потпретседателите и секретарите, а дека тоа зависи од тоа кој ќе биде избран во новиот состав на Централниот одбор.
„Преурането е да се каже кој ќе ги заземат овие врвни места. Тоа не значи дека ќе има промени во владиниот состав, јас сум задоволен од работата на Владата и верувам дека треба да продолжиме, но секако пред нас се кадровски одлучувања во рамките на раководството на СДСМ“, порача Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.