Не само Сашо Мијалков и Никола Тодоров туку и останати функционери меѓу кои и дел од СДСМ ќе одговараат пред законите, изјави вчера мандатарот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали конечно ќе стигне правдата во Македонија.

Не само Мијалков и Тодоров кои ги споменавте, туку има и наши високи функционери на обвинителна клупа и сите ќе си одговараат ако има докази за нив, никој нема да се спаси од одговорност. Народот гледа и посматра и ќе не казни сите ако правиме некакви дилови со правдата. Тоа е столбот на една држава која се стреми кон ЕУ, нема шанси некој да се спаси со политички врски, без разлика кој со кого седи на маса овие денови – изјави Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.